Јапонија e место преполно со бизарни работи. И кога ќе помислите дека ништо не може да ве изненади, се отвара ова чудно кафуле во Токио во Харајуку шопинг зоната, каде можете да се напиете кафе со дури 20 различни видови неотровни змии. Иако воопшто не ни е пријатна идејата да пиеме кафе со змиите, но за вкусовие сега нема да дискутираме.
Ова змијско кафуле е многу популарно, посебно меѓу помладата популација. Отворено е шест денови во неделата, кафулето им овозможува на корисниците да уживаат во храна и пијалок, додека гледаат во малата змија како се качува по стаклениот кафез на нивната маса, за 1000 јени или 8,04 долари. Со доплата гостите можат да ја држат змијата и да ја мазат. Газдата на ова необично кафуле на прашањето зошто оворил вакво место, одговорил – “На почетокот бев заинтересиран за чиста средина, па во тој контекст сакав да им покажам на луѓето дека змиите се прекрасни животни”.