Модната изложба „Свадбени приказни “ го отвори есенското издание на Моден викенд Скопје , вчеравечер во Музејот на Македонија.
Проектот „Свадбени приказни“ е во организација на Музеј на Македонија, Европски Универзитет во РМ и Британски совет во Македонија. На отворањето на модната изложба се обратија директорката на Музејот на Македонија Мирјана Нинчевска, Кендал Робинс програмски менаџер во Британски совет Лондон и професорката Гордана Вренцоска од Европскиот Универзитет на РМ која ја прогласи модната изложба за отворена.
Студентитеодмоден и графичкидизајн, восоработкасостудентитеоддизајннаентериер и кустоситеодМузејот, наизложбатакоја ќе трае се до 8 ноември ќепретставатдизајнерскираскажаниприказнипрекукоидаваатсвои, современиинтерпретациинаоблеката, текстилот и накитотодлокалнитесвадбенитрадиции.Во сценографијатасевметнати и експонатиодизложбата „Црвенпетел – црнакокошка“ наМузејотнаМакедонија.
За шминката на моделите од модната агенција „Подиум“ кои беа дел од изложбата, се погрижи Анастасија Јордановска во соработка со „Gosh“ а за фризурите Едукативниот центар „Кариера плус“ во соработка со „Lakme“.Ивана Јанева Попов медицинскиот претставник од „ Vichy “ кои се официјален дерма бјути партнер на Моден викенд Скопје 12 , пред присутните објасни за важноста на здравата кожа.
На првиот ден од Моден викенд посетителите уживаа
и во киното наречено „Lotus cozy cinema“ во кое беа прикажани кратки модни филмови од програмата „Dressing the Screen“ обезбедена од Британски совет во Македонија.
Ревијалниот дел на Моден викенд почнува вечерва со ревијата на Игор Марков во Музејот на Град Скопје.
Модниот викенд за сезоната есен/зима 2015/2016, под мотото „Мода и културно наследство“ ќе се држува до 25 октомври во Скопје