Легендарниот актер и тркачки возач, Стив Меквин го поседуваше Porsche “911T” од 1971ва, убавец кој наскоро ќе се најде на аукција во Париз.
Ова порше, претходно припаѓаше на Џо Шиферт, беше првично купено од Меквинската продуцентска куќа за снимање на „Le Mana“. По снимањата, поршето завршува кај тогашната љубовница на Стив, Елџи Андерсен. По нејзината смрт, автомобилот е во рацете на уште двајца сопственици и за сето ова време, тој има изминато само 45 000 километри.
Според проценката, овој убавец ќе достигне цена помеѓу 280.000 и 400.000 долари на париската аукција на 4ти ноември оваа година.
Дизајнот е совршен, меки контури, класик боја и ретро стил. Кога ќе додадеме дека била во сопственост на познат актер, доаѓаме до заклучок дека проценката за цена е сосема исправна.
Дали се сложувате?