Како што почна температурата да паѓа, така и по улиците овие денови можеме да видиме девојки облечени во јакни и зимски капути, а за студот да не ве затекне неспремни, одбравме за вас неколку капути кои посебно ни се допаѓаат.
Oваа година модните брендови ни нудат голем избор на зимски јакни и капути, каде секој може да пронаjде нешто за себе. Од предимензионирани со машки крој до капути во линии, изборот е навистина широк и за сите стилови и вкусови.
Есента и зимата се дојдени во сите наши трговски дуќани, така да не можеме да го скриеме нашиот ентузијазам околу студената сезона. Од евтини но и понатаму шик модели, па се до луксузни дизајнерски парчиња – а вие погледнете што ќе ви фати око!