Студените денови што ни ги донесе есента значат дека е време за дополнителна нега на кожата. Купечките маски за лице може да ве чинат многу пари, па затоа, ние ви даваме предлог како сами да си направите мошне хранлива маска за лице и тоа од есенски намирници. Тиквата, која е основата на оваа маска, освен што е вкусна и нискокалорична, богата е и со витамини и минерали, како што се каротен, провитамин А, витамин Б и Ц, како и калиум, калциум и железо. А што е подобро и поквалитетно од природното за вашата кожа, нели?
Потребни состојки:
- 1/4 шолја пире од тиква
- едно јајце
- 2-3 лажички мед
Измешајте го пирето од тиква со јајцето. Состојките на јајцето ѝ даваат влажност на кожата и ги намалуваат проширените пори. Во ваквата смеса додајте го медот кој благодарение на своите антибактериски својства помага во борбата со акните и воспаленијата на лицето. Маската нанесете ја на лицето и оставете ја 15-20 мин. Уживајте во благодетите на есента!