Спектакуларна колекција, топ – модели, ѕвезди во првите редови и апослутен моден диктат на Живанши, на модната недела во Њујорк. Италијанецот Рикардо Тиши, креативниот директор на Живанши, со оваа модна ревија го прослави својот убилеј, 10 години на чело на овој луксузен француски бренд. Тој ја претстави романтичната колекција, преполна со филигрански извезени фустани, елегантни костими, блузи и комбинезони од тантела, пантолони со класичен крој, меки кимоно капути и чевли со шпиц, како за дамите така и за посилниот пол.