ANTHONY VACCARELLO
Познат по своите “body-con” силуети, дизајнерот Anthony Vaccarello, својата колекција за пролет – лето 2016 ја претстави на модната недела во Париз. Моделот Edie Campbell ја отвори модната ревија во зелена војничка јакна, со мини сукња со длабок изрез. Тој ги претстави и туниките и топовите инспирирани од поп артот. Асиметричните кроеви и длабоките изрези додадоа уште повеќе сексапил на оваа совршена пролетна вечерна колекција.
BALMAIN
Дизајнерот на модната куќа Balmain, ненадминатиот Olivier Rousteing во колекцијата за пролет/лето 2016 покажа многу кожа, волани и преубави топ модели! Негови пријателки се – Kendall Jenner, Jourdan Dunn и Gigi Hadid, девојки за кои сите дизајнери на светот се борат да настапуваат за нив. Затоа и не ни чудо што оваа ревија беше најинтересна за јавноста. Боите за следната сезона на Balmain се темно портокаловата, емералд зелената, црната и белата. Нагласени беа дијамант кроевите, романтичните волани, пантолони со висок струк и топови инспирирани од корсетите. Секси и елеганта, жената на Balmain, ќе го заврши секој свој изглед со сандали на врзување со врвци и висок коњски опаш. Balmain навистина стана синоним за сексапил во модната индустрија.
MAISON MARGIELA
За колекцијата пролет/лето 2016, John Galliano, креативниот директор на Maison Margielа, фокусот го стави на комбинирање на дневните парчиња инспирирани од 50 тите години, и додаде с-фи додатоци за вистински надреален резултат. Капути со крагни од леопард принт, миди здолништа украсени со искршени стакленца, како и елегантни ракавици, кои создадоа потполно дамски ефект. Видовме и јапонско кимоно, стеснето во градите и струкот. Кога моделите ќе се свртат, се гледаат коцкасти торби прицврстени со дебели траки на грбот.
DRIES VAN NOTEN
Белгискиот дизајнер го најде совршениот баланс помеѓу жената и мажот, нивниот стил инспириран од 50 тите години. Неговата препознатлива работа со отпечатоците, и овој пат, се истакна со ефектите на богатите тонови и попупрозирни парчиња кои изгледаа како тетовирани ракави. Додека во машки стил, преголемите костуми со необични принтови и пантолони со висок струк изгледаа совршено. Имаше и романтични волани, фалти и големи мачји очила.
CHLOE
Chloe жената е спремна за плажа, во новата колекција на овој француски бренд, за пролет/лето 2016. Креативната креаторка Clare Waight Keller, го донесе морското расположение во бохо стилот и принтовите со виножитото, со модели кои паѓаат преку рамото и сандали со ремени. Искинатите фармерки и “харем” панталони, дадоа совршена шик енергија, на оваа исклучително носива модерна колекција.