IKEA го претстави својот новогодишен каталог полн со чаши шампањ, прекрасен текстил и зимска идила. Наскоро ни пристигнува постудено време и престој во топлите домови. Полека ќе почнеме да размислуваме и мечтаеме за новогодишните декорации , како и за варено вино и колачи.
Каталогот на IKEA е поделен на два дела, кои се ралични. Инспирацијата е Нордиската светлина и Носталгична традиција.
Нордиската светлина се состои од светли пастелни бои, празнични меки текстури и мирни бои на светло дрво. Носталгична традиција, содржи богат дизајн со романтични моменти и со длабоки и сјајни метелни детали.