Идилична колиба во која ќе се почувствувате како да сте во некоја бајка.
Не е ни чудо што го носи името Fairie Door (Самовилска врата). Оваа бајковита колиба створена за уживање се наоѓа во Вилтшир, Англија. Според стилот на градба- камените ѕидови и малите прозорци, се гледа дека датира уште од 17от век. Наоколу е опкружена со раскошно зеленило и прекрасна, самовилска градина која за миг не маѓепсува и не враќа во минатото. Внатрешноста на оваа слатка колиба е шармантно уредена, со модерни, но и рустични детали, а во ентериерот преовладува белата боја што дава посебна топла нота на амбиентот. Доколку сакате за кратко да избегате во некоја далечна, магична и мистична земја, ова е вистинското место за тоа.