Кога зборуваме за сликарство, зборуваме за најблиската форма до совршеноста. Зборуваме за макотрпни часови работа, некаде далеку изгубени нерви, а најважното од се – брилијантната совршена идеја, која нетрпеливо чека да биде реализирана.
Полската уметница, Joanna Wirazka својата идеја не ја наслика на обично, здодевно платно, туку на рапавата површина од пресушените мртви есенски лисја.
Таа ги наслика ноќните неба над градовите, неколку галаксии и дрва во прекрасни пејсажи. На некогаш мртвите лисја сега живеат палети од сина до виолетова, до црна и црвена.