На територијата на Италија во провинцијата Салерно, се наоѓа селото Фуроре. Некогаш многу одамна тука постоела мала населба со само неколку куќички. За ова мало место не се знаело скоро ништо, додека тогашниот градоначалник не решил да го промовира ова прекрасно место. Фуроре со својата убавина претставува вистински бисер скриен во пукнатините на карпите. Во минатото ова било одлична заштита од налетот на морските пирати. Подоцнa било познато на јавноста и “како селото кое не постои“. Сегашниот градоначалник на ова село решил да ги бојадиса сите градби во живи бои, за таа цел се повикани уметници ширум целиот светда ги украсат куќите. Главна атракција во Фуроре е фјордот (Fiordo), тесен процеп меѓу карпите каде што се лоцирани многубројните рибарски куќички.
*најдоле имате едно прекрасно видео
Погледнете ја оваа убавина!