Ви претставуваме ентериер кој зрачи со елеганција и романтика. Иако повеќето украси се бели, никако не е ладен и безличен, туку напротив, топол и удобен за живот. Со реновирање е постигнат убав спој на старото и новото, кое секако придонесува за шармот на овој простор. Високи тавани и многу светлина придонесуваат за ведрината на ентериерот. Освен бели, доминантни се и светло сиви бојадисани ѕидови, кои служат како совршена основа за деталите кои го красат овој простор. Ентериерот се состои од убаво украсени пространи спални, пространа дневна соба и кујна со трпезарија. На самиот влез се наоѓа мал ходник кој исто така е во согласност со остатокот од ентериерот.
Погледнете!