Францускиот режисер и фотограф Максимилиен Франко, преку неговиот објектив нѝ прикажува 111 избрани моменти од неговото соло патување низ Калифорнија, Мексико и Колумбија. Без определен концепт, само фрагменти од животот, убавината на природата, начинот на живот и луѓето- сето тоа споено во еден визуелен и поетски краток филм. Наједноставните работи секогаш излегуваат најубаво.