Откако ги видовме на модната писта, венчаниците на Caroline Herrerа не ни излагаат од глава. Дали сте во потрага по инспирација за сопствениот венчален фустан, за најголемиот и најзначајниот ден во вашиот живот – тогаш погледнете ги овие модели.
Познатата дизајнерка, рече дека инспирацијата за оваа колекција ја пронајде во еден од нејзините омилени мириси – бел јасмин и сакаше да го интерпретира на венчаниците кои ќе ја направат секоја невеста во елегантна и женствена дива. Романтиката на овој мирис, може да се види во сите рачно изработени модели од оваа колекција. Некои од венчаниците се украсени со пердуви, Guipure тантела и цветни детали. Невестите на Herrerа, зрачат со самодоверба во скулптурални форми и цветни акценти, кои се совршен додаток на пролетната сезона.