Уште еден нов вџашувачки проект ќе ја симболизира британската престолнина. Луксузен базен кој ќе биде изграден помеѓу два апартмани во областа Nine Elms во срцето на Лондон. Овој невообичаен „мост“ ќе биде долг дваесет и пет метри, а длабок само три. Највпечатливо е тоа што базенот ќе се наоѓа над десет ката од дворното место.
Проектот ќе биде реализиран од страна на Ballymore Group, додека нејзиниот основач, Sean Mulryan е со идеја за реализација на уникатно чувство на пливачите – лебдење десет ката над централен Лондон.
Архитектурата во Лондон не знае за пауза. Едноставно го следи својот поттик и користејќи ги сегашните ресурси, создава строги идни принципи, притоа оставајќи белег од секој момент во времето на кој Лондон сведочел.