На актуелниот New York Fashion Week пролет / лето 2016 година, брендот Nicholas K спои два света заедно. Кога Tomb Raider го сретнува Терминатор во апокалипсата, но на еден сосема шик начин. Колекцијата имаше голем распон во дизајнот, структурите, практичните аспекти, но она што изгледаше феноменално е како интересно сето тоа беше спакувано во еден стил. Боите изгледаа извонредно во нијансите на шафран и јаглен. Во секој случај, не можеше да се каже дека е досадно, напротив. Сестрата Nicholas и и братот Christopher Kunz , се тим и направија колекција која е инспирирана од облеката за пилотирање . Не ни чудно, ако се знае дека нивниот татко работеше како хирург кој леташе со авиони.