Хотелот Park Belfiore неодамна ги отвори новите тематските апартмани, посветени на најпознатите историски италијански икони. Десет икони одбрани од страна на архитектите од италијанското биро Alberto Apostoli, со вистинска популарност и препознатливост на овие познати Италијани, од сите возрасти. И така, со малку забава и научни истражувања, одбраните ликови се како римскиот цар Гај Јулиј Цезар, големиот поет Данте Алигиери, венецијанскиот Марко Поло, славниот љубовник Џакомо Казанова, големиот истражувач од Џенова Кристифор Коломбо, италијанскиот режисер Федерико Фелини, тенорот Лучано Павароти, ѕвездата Карла Фрачи, апсолутниот генијалец Леонардо да Винчи и градителот на автомобилите Енцо Ферари.
Архитектите се обидоа проектот да не падне во маѓепсаниот круг на тривијалност и премногу банални референци. Важните елементи се всушност вертикалните површини, решени со користење на специјална хартија, печатени слики на PVC и специјално креирани материјали. Големи студии се направени за да се најдат одредени предмети, како што се огледалата, куферите, фигурините, книгите и другите предмети, за да се заврши декорација на дизајнот на ентериер.