Скандинавската естетика може да биде применета во секакви простори, со различна големина или намена. Сепак, со љубовта кон едноставноста и минимализмот, природните елементи и функционалноста, ваквиот стил на уредување е особено погоден за дневниот престој во домот. Ви претставуваме слатки, организирани и комфорни дневни соби кои црпат инспирација токму од скандинавскиот дизајн. Погледнете ги фотографиите во продолжение и одберете ја идеалната тема и за вашиот животен амбиент.