Специфичната и скоро недопрена природа на Аљаска недвојбеное сон на секој авантурист. Кога ќе го слушнеме нејзиното име тоа веднаш ни асоцира на прекрасни природни пејсажи, зимски санки кои ги влечат кучиња, прекрасни видици на полноќно сонце, величествени глечери и.т.н. Вистинскиот живот на Аљаска е повеќе од невообичаен. таа изобилува со многу мали места во кои живеат деца кои секојдневно одат на училиште со помош на авион. Да, драги мои добро прочитавте!! За нив овој вид на
транспорт до училиштата е сосема вообичаен. Големиот број на туристи кои доаѓаат на Аљаска уживаат во возењето со овие хидро-авиони со кои дечињата одат на училиште.
На Аљаска се наоѓаат највисоките американски планински врвови(вклучувајќи го и легендарниот Mt.McKinley со 6.193м надморска височина), како и преку 100.000 глечери, 3 милиони езера, повеќе од 3.000 реки и 15 национални паркови. Местото каде што почнува и завршува светот, бисерноледената Аљаска која е всушност полуостров на северозападот на Америка е сонот на секој авантурист. Китовите, мечките, фоките и другите диви животни претставуваат магнет за туристите и љубителите на природните убавини на Аљаска. Повеќе од 20% од тамошното население се припадници на староседелците како што се Ескимите, Алеутите и Индијанците. Тие се многу гостопримливи со посетителите и со големо задоволство ги канат на традиционална вечера пропратена со древни игри и танци послужувајќи ги со лосос. Седејќи покрај огинот ти ја прераскажуваат нивната интересна приказна за тамошните животни и како тие им пренесуваат некои видови пораки. Ги избегнуваат видрите за кои се смета дека се гласници на лоши вести. Посебно доживување е возењето со со жицарницата( Girdwood ), па се до врвот на познатиот скијачки центар (Mt. Aleyaska) од каде се пружа прекрасен поглед на бајковитата природа полна со глечери.
Посебно ќе ве одушеви глечерот Exit кој припаѓа на фјордовите (KENAI), точка на која се состануваат планините и океанот. Кога еднаш ќе ја почуствувате оваа мирољубива природа ќе ги разберете жителите на Аљаска како тие комуницираат со дивите животни и се однесуваат со нив како со домашни животни. Секако постојат одредени правила како треба да се однесуваат со нив, на пример со црните и смеѓите мечки тие несмеат да им се доближат премногу близу и им ја остават храната на ливадите. Посебно доживување е крстарењето со речните бродови. Најпознатиот брод е “Talkeetna Queen” кој ќе ве одведе до индијанскиот камп (DENA INA) каде се наоѓаат легендарните индијански колиби направениод животинска кожа.
Драги читатели се надеваме ќе уживате во прекрасните пејсажи подулу на фотографиите!!