За време на топлите летни месеци во Чикаго, околу 60 000 до 70 000 луѓе дневно, го посетуваат езерото. Кога ќе залади времето, тоа идилично место набрзо станува пусто ледено поле.
„Urban Therme“, е дело на тројца дизајнери Kyle Bigart, Andrew Sommerville i Alex Paulette.
Тие се надеваат дека зимскиот сон ќе го претворат во спа оаза. Како древните римски спа архетипови, овие спа киосци, им овозможуваат на граѓаните да се соберат и релаксираат во овој wellness објект, на обалата на езерото, без разлика на годишното доба. „Urban Therme“ е направен да служи за повеќе намени (топли и ладни купки, сува сауна). Формата не му пречи на пејсажот, но и самото дислоцирање на овој киоск, е релативно лесно. Овој киоск нуди динамичен простор за одличен wellness, без разлика дали надвор е сонце или снег.
За време на летото, спа центарот е свртен кон истокот. Но во зимските месеци, спа центарот се врти за 180 степени, како би се заштитил од ветерот и со погледот кон градот.