Мал црн фустан е црн вечерен или коктел фустан, едноставно кроен и краток по должина.
Модните историчари го припишуваат потеклото на малиот црн фустан од 1920 година, дизајниран од Коко Шанел и Жан Пату. Овие фустани наменети се да бидат долготрајни, разновидни, прифатливи и достапни што е можно повеќе на пазарот како неутрална боја.
Денешните модни дизајнери, прават вистински ремек дела, инспирирани од овој модел на малиот црн фустан. Ви прикажуваме дел од најновите дизајнерски интерпретации на малиот црн фустан и чевли кои се комбининираат со нив, за нов и шик, модерен изглед.