Недостатокот од повеќе простор може да биде поттик за инвентивно уредување на домот. Ве водиме во еден токму таков стан, со површина од 43,10 метри квадртани, кој е уреден многу креативно и изобилува со мноштво паметни идеи. Покрај функционалното уредување и креативното користење на боите, ентериерот се одликува и со модерен дизајн, а се’ во функција на пријатен престој и живот. Станува збор за стилски дом на млада деловна жена, која е голема љубителка на модата. Проектот е дело на дизајнерката Lyudmila Alexandrova, чија намера била да создаде простор кој покрај тоа што ќе биде удобен за живеење, истовремено да биде наменет и за креативна работа. Убаво организиран, овој мини ентериер се состои од голема соба, поделена на кујна, дневен престој и спална соба. Белата боја е во комбинација со жолтата и светло сината, а деталите во црна боја на ентериерот му даваат шик призвук. Целокупниот дизајн црпи инспирација од Одри Хепберн – безвременската икона на стилот и ,,Појадок кај Тифани” – филмската класика во која таа ја толкува главната ролја. Погледнете како изгледа овој прекрасно среден стан и пронајдете ја омилената идеја и за вашето катче за живот.