Дали сте слушнале за Sian Ka’an? Тој е неверојатен тропски резерват на мексиканскиот брег на Карибите, кој е под заштита на УНЕСКО, но ќе бидете изненадени колку е специфичен. Всушност, тој е познат како место каде што луѓето од целиот свет го оставаат своео ѓубре!
Алехандро Дуран е уметник од Њујорк, кој го собира ѓубрето и со него создава неверојатни уметнички инсталации долж Sian Ka’an. Со овие уметнички инсталации, Дуран сака да ја покаже тензијата меѓу природниот и вештачкиот свет.
Според Дуран, ѓубрето е од 50 нации од шест континенти, пронајдено само со шетање по плажите на Sian Ka’an. Видете ги неговите интересни фотографии во нашата галерија!