Првото нешто кое го забележувате во ова поткровје е големиот кровен прозорец, поради кој целиот ентериер изобилува со дневна светлина. Уреден со комбинација на црната и белата боја, овој простор, кој се протега на две нивоа, и не е толку голем, но е многу интересно организиран, па затоа делува многу попростран отколку што навистина е. Пространата кујна е совршено уредена, со голема работна површина и сите апарати кои се вешто затскриени за просторот да биде што повеќе функционален. Во дневната соба, пак, која исто така е уредена со комбинација на сива, црна и и бела боја, се истакнува модерната печка на дрва која со својот дизајн многу убаво е вклoпена со остатокот од ентериерот. Спиралните скалила водат до галеријата во која е сместено работно катче, а над него е позициониран прекрасниот кровен прозорец. Во продолжение, погледнете како е средено ова стилско поткровје со површина од 59 метри квадратни и одберете ја омилената идеја и за вашиот станбен простор.