Република Сејшели или уште попозната како Сејшелски Острови е островска држава во Индискиот Океан. Оваа држава всушност е архипелаг составен од 115 помали острови кои се наоѓаат на 1500км оддалеченост од копното на Африка, поточно североисточно од Мадагаскар. Во близина на Сејшели се наоѓаат и Занзибар на запад, Маурициус на југ и Мајот на југозапад. Вкупната површина изнесува 450км2, а населението брои околу 90.000 жители. Главен град е Викторија. Официјални јазици на островот се креолски, англиски и француски. Климата на Сејшелските острови е тропска и влажна. Температурата варира од 24`Ц до 30`Ц. Најлани месеци се јули и август кога температурата паѓа под 19`Ц. Југоисточни ветрови дуваат во оериодот од август до ноември кога е и најпријатен период за посета на туристи на овој тропски рај. Името “Seychelles” е дадено во чест на Жан Моро де Сејшел.
Прекрасна дестинација за сите љубители на тропските убавини.
Во продолжение уживајте во прекрасните пејсажи од островот!!