Плаво-белите “керамички” принтови на најновата колекција на торби, сандали и гардероба на познатото модно дуо Dolce&Gabanna се вистинското изненадување за сите обожувачи на нивниот дизајн. Овие прекрасни парчиња се лесно препознатливи, впечатливи, свежи, летни… Инспирацијата за овие уникатни парчиња потекнува од Медитеранското лето поточно од Сицилија. Овој прекрасен колорит е совршено прикажан во оваа колекција. Од класични чанти, до мини торби, сандали па и фустани па се до платнени обувки и елегантни чевли, колекцијата ви нуди се што треба за да го внесете летниот дух во секоја можна комбинација. Во продолжение погледнете ги овие прекрасни модели!!