Убавината на уметноста се должи на фактот што за неа не постојат граници. Па така, уметникот Реј Барткус кој живее и работи во Њујорк, создал совршен ѕиден мурал кој на прв поглед изгледа конфузно и недовршено. Муралот се наоѓа во родната земја на Реј, Литванија, поточно на реката Шешупе. Уметникот внимателно го нацртал муралот обратно со цел мошне реално да се отсликува на површината на реката, слично како во огледало. Генијално, нели?