Луксузните брендови Астон Мартин и Валентино, ги здружија силите за претстојниот „Cash & Rocket“ саем, за да го создадат единствениот V12 „Vanquish Volante“ автомобил, со маскирни бои и препознатлив белег на модниот дизајнер Валентино. Проектот беше создаден само за „Cash & Rocket“ саемот, платформа, која со помош на најдобрите брендови во светот и нивните ексклузивни производи, ќе собере пари за многу добротворни организации од целиот свет.
„Vanquish Volante“ беше изработен во соработка со директорите на дизајнот во модната куќа Валентино, Грација Chiuri и Pierpaolom Piccoli и британскиот производител на Астон Мартин, поточно „Q серија од Aston Martin“.
Спортскиот автомобил од 565 КС е направен од лесна алуминиумска структура, со јаглеродни конци, може да достигне брзина до 317 километри на час, а брзина од 100 километри на час за само 4,0 секунди.