За вас одбравме 5 фантастични мобилни апликации кои ќе ви помогнат околу изборот на козметика, парфеми, фризура, како и ќе ви дадат совети за тоа колку вода му е потребно на вашиот организам. Сѐ што треба да направите е да ги симнете апликациите од интернет.
1. iMakeup Booth
Оваа апликација ќе ви помогне да одберете кој било козметички производ како на пример сенка, руменило, маскара, кармин и сл. кој најдобро ќе му прилега на вашиот тен. Ја внесувате својата фотографија и следува вистинска забава! Си ставате различни нијанси на пудра, кармин, сенки, додека не го најдете најдобриот избор.
2. Hair Color (од творецот на ModiFace)
ModiFace е измислена за сите перфекционисти. Ја внесувате вашата фотографија и потоа можете многу реално да ги видите сите варијанти кои таа ги нуди. Творците на ModiFace направија и нова апликација- Hair Color која е специјализирана за коса. Ако сте за промена на бојата, а не можете да се одлучите, ова е вистинското решение за вас.
3. iPerfume
Многу корисна апликација доколку умеете да ги издвоите вашите омилени парфеми, како и мирисните ноти кои вам најмногу ви се допаѓаат. На тој принцип, апликацијата ви предлага парфеми за вас, како и ве запознава со новитетите на пазарот.
4. Eyebrows
Трендот на средување на веѓите стигна и до виртуелниот свет. Со помош на апликацијата Eyebrows ќе можете да одберете облик, густина и боја на вашите веѓи, а потоа фотографијата која ќе ја направите можете да ја однесете кај вашата козметичарка за да го добиете посакуваниот изглед.
5. Water Balance
Сите добро знаеме дека дневно ни се потребни многу течности, особено во летниот период. Според тоа, целта на оваа апликација е да пресмета колкав внес на течности (вода, чај, кафе, газирани пијалоци и сл.) му е доволен на вашиот организам.