Доколку се’ уште не сте стигнале да организирате мирно катче на терасата, тремот или во градината, каде во ладовина ќе уживате во летните деликатеси со семејството и пријателите, тогаш не очајувајте. Ви претставуваме неколку прекрасни примери за трпезарии на отворено, а на вас е само да го одберете стилот што најмногу ви се допаѓа. Од боемски, модерни, скандинавски, минималистички или инспирирани од тосканските вили, меѓу нашите предлози ќе ја пронајдете темата која најповеќе соодветствува на вашиот личен вкус. За таа намена, погледнете ги фотографиите во продолжение, одлучете се за омилената идеја за домот и дозволете си мигови на релаксација секогаш кога за тоа ќе ви се укаже можност.