Спокоен и смирен, а истовремено строг и сериозен – ентериерот на овој простран дом сместен на околу 19 километри од Москва е како создаден за модерно аристократско семејство со благороднички корени. Се’ е елегантно и дискретно, а дизајнерите од студиото Mill-Studio намерно ја избегнуваат прекумерната употреба на бои и форми. Одбраниот спектар на неутрални нијанси укажува од една страна на желбата да се најде мир далеку од вревата на градот, а од друга страна ги истакнува сериозноста и статусот на домаќините. Во целост, ентериерот е изразено хармоничен и со неверојатна естетика, а уште првата слика предизвикува чувство на ентузијазам. Дизајнот ги обединува модерното и класичното на деликатен начин, а резултатот е дом кој буквално мами возишки. Погледнете ги фотографиите од галеријата во продолжение и пронајдете ја омилената инспирација и за вашиот животен простор.