Идиличниот рај сместен во најубавиот дел на Мозамбик е резортот “Anantara Medjumbe Island Resort”. Ова мало острово се наоѓа на северната обала на Мозамбик.
Долго е само еден километар а широко околу 300 метри. Тука се наоѓаат 12 ексклузивни вили кои поседуваат префинета едноставност комбинирана со неверојатно гостопримство од тамошниот персонал.
Со поглед на преубавата тиркизна вода на Индискиот Океан секоја од овие вили ќе ви овозможи да уживате во вашиот престој. Секоја од овие вили поседува сопствен базен а внатрешноста поседува луксузни купатила. клима уреди и сите други модерни погодности кои се потребни за потполно уживање во престјот. Со директен пристап до совршените плажи гостите ќе ја имааат единствена можност да уживаат во оваа рајска убавина и да се сеќаваат со воодушевување на ова место. Резортот нуди на гостите голема палета на забавни активности како што се на пример нуркање, посматрање на китови, интимни крстарења, и разгледување на околните острови.
Доколу сакате интимен одмор каде ќе заборавите на секојдневните грижи и тотлано ќе се опуштите ова место е вистинскиот избор за вас!!