Сонувачот во сите од нас, постојано ги бара добро познатите мириси, бои и вкусови од своето детство, каде утрата мирисаат на нежност и свежина, а сончевата светлина го буди заспаното дете спремно за нова авантура и потполно нови доживувања. Дека може да се сонува и на јаве е доказ волшебното и чудесно место паркот на природата (Adamelo Brent). Овој шармантен национален парк се вгнездил во делот на Италијанските Алпи во непосредна близина на туристичкиот гигант (Madonna Di Campiglio).Во западниот дел на паркот доминираат планинските венци Presanele, (Trentino di Adamelo Presanella), чиј питорескен амбиент само го надополнуваат прекрасните звуци на водопадите во долината (Val Di Genova). Бисерот на источниот дел на паркот е долината (Val di Tovel) и познатато езеро (Lago di Tovel) за кое се поврзани многу легенди. Овој импозантен национален парк сосема заслужено е сврстен во светската листа на заштитени геопаркови на UNESCO.
Бројните содржини кои ги нуди ова место нема да ги остават рамнодушни ни најголемите скептици. Доколку сте на романтично патување со саканата личност секако дека ќе уживате во волшебните убавини на оваа недопрена природа. Доколку сакате малку повеќе авантура можете да се влклучите во програмата (Parco da conocere) и со помош на водич да се запознаете со тамочната флора, фауна како и со традицијата и историјата на ова место.
Италија, земјата на уметноста, модата, историјата и традиционалните културни вредности секој пат повторно ќе ве воодушеви со сета своја убавина. Доколку сте љубител на природните убавини и сте желни за нови знаења од областа на ботаниката, геологијата и екологијата или можеби би сакале да ја почуствувате исконската поврзаност на човекот со природата паркот (Adamelo Brent) e вашиот вистински избор.