Никогаш не сум барал доказ повеќе
за да докажам дека сакам.
Едноставно,
секогаш сум бил вљубен.
За тоа нека зборуваат моите песни,
фотографиите
и азбуката што моето срце вечно
ќе го вбројува во лесноскршлива материја.
Во мојата историја нема победници,
јас сум тој, кој секогаш позитивно губи.
Затоа најмногу го сакам љубовниот пораз.
Еднаш, на музата ѝ напишав „никогаш да не ме заборави.”
Денес наликувам на гостин
кој секое утро,
повторно влегува во својот живот.
Се сеќавам на сите допири,
на мирисите, на ролнотијата
и на косите што го бакнуваа сонцето.
Јас секогаш сум сакал да верувам дека е така-
жената е нешто што не може, а да не се сака!