Одри Хепберн е несомнено една од највпечатливите личности од филмските екрани на минатиот век и секако една од најголемите модни икони во светот. Кога помислуваме на Одри секако прво што ни паѓа на ум е прекрасниот мал црн фустан,големите црни очила и прекрасната фризура кои беа нејзиниот заштитен знак. Нејзиниот стил се провлекува низ годините во модниот свет и е секогаш актуелен и инспирација на многу модни креатори за своите модни линии. Ненеадмината во начинот на којшто ја носеше својата женственост, оваа модна икона единствена успеа да направи баланс помеѓу елеганцијата и едноставноста и да креира еден безвременски софистициран моден стил.