Американската аеронаутичка компанија Space X (Space Exploration Technology Corporation) ја најави изработката на супербрзиот футуристички превоз HYPERLOOP. Со цел да ја тестира технологијата оваа компанија во времетраење од година дена засега ќе изгради лента во должина од 3-миљи во Калифорнија. Конструкторот Елон Маск со својата иновативна идеја ги заинтригира и другите компании да почнат да размислуваат за развој на ваков вид на превоз. За прв пат ја објавил оваа своја идеја во 2012 година. Тој го опишива HYPERLOOP како шатл за транспорт на патници и стока од Лос Анџелес до Сан Франциско и тоа за само 35 минути, а со брзина од 1200км на час. Јавноста позитивно реагирала на оваа навистина иновативна идеја на констукторот!! Погледнете за што станува збор, видеото ви е најдоле!!