Крит е најголемиот, а според многумина и најубавиот грчки остров, место кое се смета за колевка на западната цивилизација и претставува вистински бисер на Средоземјето. Како важно туристичко место, островот изобилува со прекрасни плажи, вили и хотели и е идеален за совршен одмор. На овој остров се наоѓа и комплексот St. Nicolas Bay Resort, луксузен хотел во кој секој апартман има свој базен, мала градина и спектакуларен поглед на заливот Mirabello. Погледнете повеќе во продолжение.