Од кога дознавме дека Кети Пери е новото ексклузивно лице на брендот Moschino, знаевме дека кампањата ќе биде провокативна до бескај. Првите фотографии на новата кампања за есен / зима 2015 конечно се објавени и без фалење – ние бевме во право.
Популарната пејачка храбро ја покажа кожата и стратешки се покри со најновиот дизајн на Џереми Скот. Фотографиите се дело на Inez иVinoodh студиото. Изгледот е целосно инспириран од хип-хоп и целата култура на 90-тите години.
Фанки палта и јакни во светли бои и отпечатоци инспирирани од графити, доминираат во новата кампања. Кети Пери совршено одговара наидејата и стилот на брендот Moschino и може да се предвиди дека оваа успешна модна сорабитка ќе потрае уште долго.