И оваа година ЕУРОИМПЕКС одржува убава традиција. Жителите на Скопје имаа несекојдневна можност во живо да ги видат возилата на својата младост или пак на младоста на нивните родители.
Преку Фиатот Тополино и мотоциклот Јава се вратија 70 години наназад. Спортскиот Опел Кадет купе од 1969 година покажа дека и во тие кодини дизајнерите знаеле да смислат убав аеродинамичен автомобил за трки. Застапени беа комбиња, велосипеди со помошен мотор, мотоцикли со приколки, американски автомобили и џипови, цитроени, а секако најбројни беа и постарите модели на Пежо, меѓу кои предничеа 204 и 404.
Благодарејки на ентузијастите кои ги чуваат и одржуваат овие автомобили во живот, и на организаторот ЕУРОИМПЕКС посетителите повторно уживаа во овој хепенинг фотографираа и имаа што да прикажат на сите оние кои од било каква причина го пропуштија. Повелете фотогалерија од овој прекрасен настан!