Дали можеби некогаш ви се случува да барате начин како во исто време да бидете елегантни, а сексапилни. Тоа е сосема едноставно, потребно е само да ги знаете овие едноставни правила. Погледнете како да го постигнете тој посакуван ефект!!
1. Високи потпетици
Еден од најсигурните начини да изгледате секси е да носите високи потпетици. Доколку сакате да бидате во исто време и елегантни, во никој случај немојте да носите превисоки потпетици. Најдобрата висина на вашите потпетици би била од 4 до 8 сантиметри.
2. Пунџа
Доколку имате доволно долга коса, можете да направите интересна пунџа и секогаш да изгледате убаво и елегантно. Таа се прави многу лесно и се носи на неколку начини. Можете да ја носите преку ден и навечер.
3. Здолниште во форма на молив
Здолништето со ваков крој едноставно мора да го имате во својот орман. Тој е неизоставен дел од вашата гардероба. Таа е апсолутно секси, женствена, и претстаува неизоставно парче кое никогаш не излегува од мода.
4. Црвен кармин
Може да ја сакате или не, но црвената боја е апсолутно секси. Можеби мислите дека нема ви стои црвениот кармин?! Не е точно. Постојат повеќе видови нијанси од која сигурно може да изберете една за себе. Во комбинација со црвен лак за нокти е секако правиот избор.
5. Чорапи
Ако сакате вистински да изгледате сензуално и женствено, носете чорапи. Секако дека би било добро да носите резервен пар со себе за секој случај. Чорапите секако ќе го засилат вашиот сексапил и елеганција.