Во очекување на најновото филмско остварување на компанијата Pixar- анимираниот филм “Inside Out” во кој главните ликови се емоции, Lindsay McCutcheon направи видео од најемотивните моменти во познатите цртани филмови на Pixar. Тука се: дедото од “Up”, играчките од “Toy Story”, рипчето Немо, глувчето Рататуи итн. Ако сте љубители на овие цртани, вака гледајќи ги повторно овие моменти, не може а да не ви се насолзат очите.