Основавте семејство и едноставно мора да го замените својот спортски автомобил со здодевен караван? Без грижи, новиот модел на Шкода е тука да Ве утеши.
По својата светска премиера, Škoda superb combi овој септември ќе пристигне во европските продажни салони, а по официјалната светска премиера во Салонот на автомобили во Франкфурт се очекува новата Шкода да постави нови стандарди во сегментите на пространост, комфор, сигурност и пријателски однос кон средината.
Овој модел им нуди повеќе простор на патниците за своите лактови од минатиот модел и тоа за 39mm. Багажникот е огромен, а со можноста за спуштање на задните седишта, овој автомобил станува сон за секој мал претприемач.
Ентериерот пред се е комфорен и удобен, а екстериерот е луксузен. Со своите контури и белата боја се крие масивноста на автомобилот.