Секој ден на пазарот се појавуваат се повеќе и повеќе нови, пролетно-летни колекции. Трендови, стилови, модели, па ние се одлучивме со вас да ги поделиме овие топ 9 нови, совршени, луксузни чевли, кои се најдоа на нашата листа на желби за овој месец. Рака на срце, тешко ќе дојдеме до нив, но тоа не значи дека не смееме да сонуваме, нели?
Сандалите кои ни оставаат најголем впечаток, се дефинитивно моделите на Christian Louboutin. Неговите модели се фаворит на многу ѕвезди, но овој пат се надмина самиот себеси (ако е тоа возможно). Изработени се од најубава кожа, со црвени и црни ремени, со златни нитни и ременчиња околу зглобовите кои даваат одлична стабилност на стапалото.
Уште еден пар кој посебно се истакна, како со дизајнот така и со бојата, се нежно розевите сандали на Nicholas Kirkwood Barbiesque. Тие се со платформа и каиш околу глуждот кои го прават одењето во нив поедноставно од секогаш, а ќе привлечат внимание каде и да се појавите.
Gianvito Rossi
Giuseppe Zanotti
Paul Andrew
Nicholas Kirkwood