Британскиот производител на луксузни автомобили го најави својот нов миленик, кабриолет под име „Dawn“, кој на пазарот ќе се појави во 2016.
Директорот на „Ролс Ројс“, Torsten Miler-Etvoes, за овој модел вели дека е преубав кабриолет со име кое ветува свежи прилики секој ден.
Кабриолетот е следниот чекор во ренесанснот период на Ројс Рој, кој започна од 2003. Дизајнот е беспрекорен. Контрасните бои, луксузниот ентериер и округлите светла ќе ве потсетат на едно дамнешно време, кога сите улици беа со калдрма.
Како Вам Ви се допаѓа овој убавец?