„Никој ли не виде дека најубавото дрво ќе биде прво пресечено,
дека бунарот чија вода е најстудена прв ќе биде исушен,
дека оној кој некому дал милостина ќе биде погубен токму од раката на својот спасен питач,
дека во секој мед има осила,
дека зад мекото месо на сочните плодови се крие тврда семка,
дека луѓето , кога закопуваат славен мртовец, го украсуваат мртовечкиот покров само од видливата страна, а никогаш од кај мртвиот кој го слават,
и дека навистина добро е така и дека така треба да биде, а не поинаку? … “
*извадок од Вештица, Венко Андоновски