Романот кој е сведоштво за скршени животи, романот што го бележи патот кој човек го минува од кал до ветениот подем, и претставува крпа со која се брише лажниот сјај на богатството и ги покажуваат нештата онакви какви што навистина се, утре во 19:00 часот официјално ќе биде промовиран на Булеварот на книгите.
Сите нешта имаат своја цена. Колку чини еден дом?
Зачекорете по Булеварот на книгите и дознајте колку гревови бездомникот со златен часовник е подготвен да плати?
Четврток, 23 април 2015, во 19:00 часот, во Клуб Матица (бул. Климент Охридски).
„Бездомникот со златен часовник“ ве повикува да му го подарите домот што толку долго го бара и посакува.
ФБ настан за утрешната средба со писателката Верче Карафилоска: https://www.facebook.com/events/1593798340876094/