Adam и Shawn-Marie Ravazzano се фотографско дуо кое создава уметнички и помалку необични, но несекојдневно убави свадбени портрети. Брачниот пар е по потекло од Австралија, но родната земја ја напуштиле за да се преселат на Хаваи, каде и го отвориле нивното фотографско студио. Носи симболичен назив ,,Love and Water’’ (,,Љубов и вода’’), а специјалност им се подводните свадбени фотографии на кои се прикажани романтични брачни двојки. Младоженецот и невестата се наоѓаат нурнати под вода, често облечени и во своите свадбени одела, а креативниот тандем ја овековечува нивната љубов преку сонливи, мистични и прекрасни портрети. Погледнете ги фотографиите и уживајте.