Иако животот во поголем станбен простор е најчесто попријатен, сепак тоа не е секогаш возможно, особено во густо населените градови. За среќа, вистинскиот дизајнер на ентериер може дури и малиот стан да го претвори во дом кој не само што е функционален и комфорен, туку и многу елегантен и стилски. Ви претставуваме ентериер кој е со површина од само 40 метри квадратни, но содржи се’ што е неопходно за престој на младо и креативно семејство. Дело е на архитектите од украинското студио Grits Creative Group, кои со добар план и паметен распоред постигнале воодушевувачки резултат во внатрешниот дизајн на овој мини дом. Во малата дневна соба се наоѓа удобна софа, масичка во стилот на 60-тите, па дури и мини канцеларија како работен простор – место идеално за малку забава. Преградниот ѕид ги издвојува кујната и трпезаријата од дневниот престој, но не ги затвора во целост, па просторот останува отворен и делува поголем. Сличен е планот и за спалната соба, така што креветот е сместен на повисоко ниво кое е оградено со стаклена преграда, па изгледа како да се наоѓа во посебна просторија, иако ова катче всушност е дел од дневниот престој. Постои можност да се постави и завеса, со што ќе се зголеми интимата во зоната за одмор и релаксација. Во продолжение, погледнете како е уреден овој преубав мал стан и дизајнерските решенија кои ги нуди, одбирајќи ја омилената идеја и за важиот животен амбиент.