Миди здолништата се популарни оваа сезона, посебни кога се во А линија крој. Тогаш ја издолжуваат фигурата и го истакнуваат струкот. Секогаш подобро ќе изгледаат со високи топуци(штикли), а можете да ги комбинирате со некој едноставен горен дел на облека.
Миди здолништето е одлично за носење на работа, како и за секојдневен изглед, се зависи од начинот на кој го комбинирате. Најпопуларни се миди здолништата во А крој, но се повеќе популарни стануваат и здолништата во молив крој, кои се тесни. Обично се со повисок струк и со асиметрични кроеви.
Сами можете да изберете, дали сакате еднобојно или пак здолниште со цветови, лепоард, тантела…. Комбинирајте ги во зависност од начинот и боите кои сакате да ги носите-поедноставно, шарено, со линии. Добро е кај овие здолништа што можете да ги комбинирате според обликот на вашето тело и вашите желби. Еве неколку примери од супер комбинирани миди здолништа.