Иако е со релативно скромна површина од 40,6 метри квадратни, овој шармантно уреден стан е совршен животен простор за студент или млада двојка. Поради својата компактна големина би требало да делува тесен и неудобен, но вешто е избегнато ваквото чувство благодарение на наменското уредување на ентериерот. Направен е добар план кој се заснива на отворен распоред, а станот располага со дневен престој, кујна и бања. Креветот е сместен на дрвената платформа извишена во аголот од собата, додека просторот под него е функционално искористен како дел за складирање, со што се заштедува дополнително место во мини домот. На другиот крај од собата се наоѓа малата, но солидно екипирана кујна во која се вградени сите потребни елементи и кујнски апарати. Бањата е пространа речиси колку и кујната, а стилизирана е со дрво и бела боја. Стан кој на прв поглед изгледа малечок, но со добра организација и убаво уреден ентериер може да има многу голем потенцијал. Погледнете ги интересните решенија и инспирирајте се за пролетно освежување и на вашиот животен амбиент.